понеделник, 21 октомври 2024
ЈП Водовод и канализација - Скопје

Утре после 17 часот речиси цело Скопје без вода

Речиси сите скопски населби утре од 17 часот ќе се соочат со намален притисок или прекин на водоснабдувањето. Ваква информација денеска беше објавена на официјалниот фејсбук профил на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Причина за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.

Од ЈП Водовод и канализација велат дека засегнати ќе бидат следниве населени места: Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.

Не е објавено колку ќе трае прекинот во редовното водоснабдување. Станува збор за завршна интервенција во санирањето на големата водоводна цевка од која се снабдува главниот град. Интервенцијата трае веќе две недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ