Како што е познато, ДИК ги потврди кандидатурите на Стево Пендаровски зад кој застана коалицијата на СДСМ, на Гордана Силјановска Давкова поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на Бујар Османи од ДУИ, на Арбен Таравари предложен од коалицијата Вреди, на Максим Димитриевски кандидиран од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, на Билјана Ванковска поддржана од Левица и на Стевчо Јакомвски од ГРОМ.
Утре ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди.