Утре ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 5 до 22 Целзиусови степени.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Според УХМР, во сабота ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе достигне 21 степен.