Поради промена на затварач од ф – 600 мм на улица Беласица б.б во непосредна близина на Ист Гејт Мол, утре без вода ќе останат корисниците од улиците Беласица, Хусеин Бајрам, 164, 165, 166 и 171, како и сите стопански и нестопански објекти во нивна близина во општина Гази Баба.
Од Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9 часот па се до завршување на работата.