Трајанов вели дека досега требало да се стави времена мерка по службена должност, наместо да дозволат бројни функционери и административци да се спасат и покрај сторените незаконски постапки.
Работна група на Министерството за правда веќе подготвуваат измени на КЗ за, како што велат од министерството, отстранување на штетните последици од претходниот пат.
„Враќањето на членовите 353, 353-в и 354 ќе овозможи поефикасна примена на законот против корупција и злоупотреба на службена функција, особено во ситуациите кога актуелните закони не обезбедуваат доволно силна правна основа за санкционирање на таквите дејства. Ќе се подобри транспарентноста и правната сигурност во однос на одговорноста на јавните службеници и функционери“, велат од Министерството за правда.
Кривичен законик треба да биде усогласен со европските политики, особено за организираниот криминал и корупција. Наскоро ќе бидат организирани и јавни расправи за измените, а измените се очекува да бидат донесени до крајот на годинава.