Грузиските медиуми пренесуваат дека одлуката на судот е конечна и дека не подлежи на жалби или преиспитување.
Претседателката на Грузија Зурабишвили, која ги поддржува прозападните протести во земјата, претходно ги повика и училиштата да се придружат на демонстрациите. Нејзиниот мандат истекува на 16 декември, но таа одбива да се повлече, бидејќи смета дека парламентот е нелегитимен.
Опозицијата не успеа во обидите да го спроведе сценариото од украинскиот Мајдан во Грузија, кажа премиерот на земјата Иракли Кобахиѕе.
„Националниот мајдан во Грузија пропадна, и покрај координираните обиди“, кажа Кобахиѕе денес на брифинг за новинарите.
Тој истакна дека претставниците на опозицијата и невладините здруженија, кои стојат зад протестите, нема да избегнат одговорност.
Кобахиѕе истакна дека тие луѓе за време на немирите се криеле во канцеларии, но дека нема да се скријат од законот.
„Лидери на опозицијата, одделни новинари и претседателката Саломе Зурабишвили беа директно вклучени во таа кампања. Ги искористија своите последни ресурси, но тоа не доведе до „национален мајдан““, истакна Кобахиѕе.
Тој претходно кажа дека групите провокатори може да се предводени од странски инструктори.
Демонстрантите во грузиската престолнина Тбилиси се собираат од четвртокот во знак на протест на одлуката на владата да го прекине процесот на пристапување во Европската Унија.
Премиерот Иракли Кобахиѕе објави дека го суспендира разгледувањето на почетокот на преговорите за членство на земјата во Европската Унија до 2028 година поради мешањето на ЕУ во внатрешните работи на земјата.