Судот изразил сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
„Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај. Покрај поведувањето на постапка во која Судот ќе ја оценува законитоста и уставноста на општинските акти, на 12. седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечните акти или дејствија кои произлегуваат од спорните одредби во Деловниците за работа во општините, а се однесуваат на автентично толкување“, соопштија од Уставен суд.
Според законот, единствена институција која има право да дава автентично толкување е Собранието.