Мечот во мај беше повозбудлив, поатрактивен и тогаш Усик беше појасен противник. Овојпат Фјури собра повеќе бодови во 12. рунди, но судиите едногласно му ја дадоа победата на Украинецот.
Бодувањето на експертите велеше дека Фјури треба да има најмалку реми на овој меч, но не мислеа така и судиите кои пресудија победа за Усик. Тајсон не ја прифати најдобро одлуката и брзо го напушти рингот.
Тајсон беше поактивен и поагресивен во првите шест рунди, но како одминуваше времето Усик кој очигледно беше физички поспремен, ја преземаше борбата. Украинскиот боксер беше подобар во втората половина од мечот и тогаш се чини дека ги собра симпатиите на судиите за да гласаат за него.
Тројцата судии гласаа идентично 116-112, па Усик ги задржа појасите во тешка категорија.
116-112
116-112
116-112AND STILL…. Oleksandr Usyk defeats Tyson Fury in the rematch 🇺🇦#Usyk2Fury | BUY NOW on TNT Sports Box Office ▶️ https://t.co/FXWiFF98Ej pic.twitter.com/p4A8TdUKiv
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) December 21, 2024