Од 3Д приказот на овој проект како дел од деталниот урбанистички план Градска четврт 3 06, блок 11, кај поранешна Алумина ќе се изградат модерни згради, со зелени тераси и покриви, а меѓу објектите ќе има зеленило и пешачки патеки.
Предлог ДУП-от во моментов е на јавна анкета, која ќе трае до 15 декември, а на 12 декември ќе се одржи и јавна презентација во просториите на општината, каде граѓаните кои живеат во овој плански опфат можат да доставуваат и анкетни листови секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Просторот кај поранешната фабрика (42.000 м2) пред три години за 18 милиони евра го купи нафтената компанија Пуцко петрол.