среда, 19 февруари 2025

Уште еден успех на македонските доктори, трансплантација со руптура на преден вкрстен лигамент на колено

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено. За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор, соопшти Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија.

Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани.

„Изразувам огромна благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, особено до семејствата на донорите без чија хуманост и човекољубие не се возможни трансплантациите“, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ