недела, 22 декември 2024
Бугарија

Уште еден крипто милионер пронајден мртов, делови од неговото распарчено тело најдени во тоалет во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Пеев дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој бил убиен во периодот од 8 до 9 август, а дека убиецот е Веско Валчинов, со кого се запознал пред шест години. Локалните медиуми објавија дека убиецот ја убил својата жртва со тег и го исекол телото во бањата пред да фрли некои делови во тоалетот.

Инспекторите го пронашле местото на злосторството откако провериле два телефони на Пеев, чиј брат го пријавил за исчезнат на 10 август.

На денот кога исчезнал тој бил во контакт со Валчинов. На снимките од надзорните камери, наводно, се гледа како Пеев и Валчинов влегуваат во станбената зграда на осомничениот убиец на 8 август, а Валчинов самиот излегува од зградата следниот ден.

Уапсен е уште еден човек, Константин Суботинов, кој наводно на полицијата ѝ рекол дека му помогнал на убиецот да сокрие делови од телото на жртвата возејќи ги во софискиот кварт Витоша, каде што бил уапсен Валчинов.

Бугарските медиуми објавија дека Пеев му помагал на Валчинов со крипто-инвестиции, сугерирајќи дека убиството било мотивирано од пари.

Пеев е вториот крипто милионер кој е пронајден мртов во рок од еден месец. Делови од телото на Фернандо Перез Алгаба биле пронајдени во црвен ковчег фрлен во Инхениро буц во Буенос Аирес на 23 јули, откако тој исчезна пет дена претходно.

Алгаба на својот Инстаграм профил го истакнувал својот екстравагантен животен стил финансиран од крипто-инвестиции. Во ковчегот што беше откриен се наоѓале нозете на Алгаба и едната подлактица. Аргентинските медиуми објавија дека делови од телото биле ампутирани, што укажува дека тоа било дело на професионалец. Обдукцијата покажа дека жртвата била застрелана три пати пред да биде распарчена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ