среда, 25 декември 2024

Уште еден голем резултат на Ѓуретановиќ, младиот пливач постави нов македонски рекорд

Никола Ѓуретановиќ исплива уште една фантастична трка во Ниш, младиот македонски пливач постави нов национален рекорд на 400 метри слободно.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓуретановиќ стана првиот македонски пливач кој исплива 400 метри слободно во 50 метарски базен под четири минути, тој делницата ја мина за 3:57.75. Уште пофасцинантно е што тоа го направи на свои 17 години.

Претходниот македонски рекорд го држеше Марко Блажевски со време од 4:00.53.

Ѓуретановиќ беше нашиот пливач кој беше критикуван за настапот на Олимписките игри, денешното време е за речиси девет секунди од времето кое го исплива во Париз. Тогаш тој имаше време од 04:05.38.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ