петок, 7 февруари 2025

Уште два силни земјотреси утрово го погодија Санторини (ВИДЕО)

Уште два земјотреси со јачина од 5 и 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово го потресоа грчкиот остров Санторини, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала се случи во 9:11 часот на 30 километри североисточно од градот Фира на Санторини.

Пет минути подоцна се случи земјотрес со јачина од 5 степени со епицентар на 12 километри североисточно од Фира.

Грчката влада вчера прогласи вонредна состојба во Санторини, откако светски познатиот туристички остров во Егејското Море во последниве денови беше погоден од серија земјотреси.

Повеќе од 10.000 жители и туристи се евакуирани.

Во последните две недели се забележани неколку илјади земјотреси, од кои дури 30 дневно биле со јачина поголема од 4,0 степени. Повеќето од нив се случиле на длабочина помала од 10 километри, што значи дека луѓето на островите ги почувствувале доста силно.

Посилните земјотреси предизвикаа одрони на крајбрежните карпи и помали оштетувања на зградите. Најсилниот земјотрес до сега, со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, го погоди регионот на 6 февруари. Почувствуван е и во Атина, Крит и делови од Турција оддалечени повеќе од 240 километри.

Санторини, инаку една од најпосетуваните туристички дестинации во светот, е речиси празен. Во последната недела околу 11.000 луѓе го напуштија островот, вклучувајќи туристи и локални жители. Многумина стравуваат дека сеизмичката активност може да биде вовед за вулканска ерупција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ