понеделник, 21 октомври 2024

Уругвај го освои третото место на Копа Америка, Суарез е херојот (ВИДЕО)

Уругвај ја доби битката за бронзата на Копа Америка откако по подобро изведување на пенали ја совлада Канада, мечот во регуларниот тек беше 2-2, а Уругвајците се спасија од пораз со гол на Суарез во 92. минута.

Објавено на

часот

Сподели

Уругвај одлично го почна мечот, поведе со гол на Бентакур уште во осмата минута. Тој биеше под пречката за водство од 1-0.

Во 22. минута Коне одлично се снајде во шеснаесетникот на Уругвај и постигна гол за израмнување на 1-1.

Веднаш потоа Уругвај се израдува на нов погодок, но голот на Пелистри беше поништен од ВАР поради офсајд.

Во 80. минута Дејвид дојде до една одбиена топка и ја смести во мрежата на Уругвај за водство на Канада од 2-1.

Се чинеше дека тие ќе го добијат мечот, но во 92. минута по асистенција од Хименез, Суарез реализираше за 2-2. Натпреварот отиде во пенали.

Во пенал серијата Уругвајците беа перфектни, за Канада промашија Коне и Дејвис. Серијата заврши со промашувањето на Дејвис кој се обиде со паненка да даде гол, но ја погоди пречката.

Вечерва, во два часот по полноќ се игра финалето на Копа Америка меѓу Аргентина и Колумбија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ