среда, 23 октомври 2024

Ураганот Деби донесе кокаин вреден милион долари на брегот на Флорида

Ураганот Деби донесе повеќе од силни ветришта и невреме на брегот на Флорида – пакувања кокаин вредни милион долари.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Деби, кој пристигна на Флорида како ураган од прва категорија, во меѓувреме беше деградиран на тропска бура, ја исфрли дрогата на брегот во Флорида Кис, напиша на социјалните мрежи вршителот на должноста шеф на американската гранична контрола Семјуел Бригс.

„Ураганот Деби донесе 25 пакувања кокаин на плажа во Флорида Кис“, напиша Бригс, објавувајќи фотографии од пакетите.

Во пакувањата имало 32 килограми кокаин.

Бригс додаде дека дрогата, чија улична вредност е над 1 милион долари, ја пронашол случаен минувач кој потоа ги контактирал властите.

Пакети со кокаин често се наоѓаат на брегот на Флорида, како и во нејзината околина, бидејќи Флорида е во непосредна близина на карипските транзитни центри за шверц на дрога од Јужна Америка во САД и Европа, пренесува Си-би-ес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ