Во јуни истекува договорот на Владата со досегашниот универзален снабдувач ЕВН хом. По конечната одлука на Владата се очекува официјализирање на оваа информација и веројатно намалување на цената на струјата. Досегашната профитна маржа на ЕВН хом беше 11,5 отсто. Услов на Владата за новиот повик беше маржата да биде помала од 11,5 отсто.
На аукцијата, иако беше пријавена, не учествувала компанијата ЕДС затоа што немале никаква информација за одржување на аукцијата.