Французите беа супериорни со Холандија, првото полувреме го добија со 19-13 и уште тогаш го решија прашањето за победникот. До крајот само ја задржаа предноста за конечни 35-28.
За разлика од овој меч, дуелот меѓу Унгарија и Австрија понуди многу понеизвесен ракомет. Австријците водеа со 13-12 на полувреме, но Унгарија успеа комплетно да го сврти мечот и на крајот да дојде до триумф од 29-26.
Во пресрет на последното коло Франција е прва со недостижни 8 бода, Унгарија е втора со 5, Македонија и Холандија имаат по 4, Австрија 3, а Катар е без бодови.
Во последното коло Македонија игра со Франција, Унгарија со Катар, а Холандија и Австрија.