Сијарто нафтоводот го нарече критичен за Унгарија, а украинскиот напад го окарактеризира како „неприфатлив“ и „напад на суверенитетот“.
„Ја повикуваме Украина да не ја напаѓа оваа инфраструктура“, кажа тој во видеото објавено на социјалните мрежи. „Оваа војна не е наша вина и Унгарија не е одговорна за овој конфликт“.
Украинската војска претходно сооопшти дека во текот на ноќта нападнала „неколку стратегиски објекти во Руската Федерација кои учествуваат во снабдувањето на оружената агресија против Украина“. Во соопштението се наведуваат напади на контролна станица на нафтоводот Дружба.