среда, 23 октомври 2024

Унгарија наскоро ќе гласа за шведската кандидатурата за НАТО

Унгарската владејачка партија Фидес предложи парламентот да гласа за ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО на 26 февруари, што партијата ќе го поддржи, објави шефот на парламентарната група Фидес во објава на Фејсбук.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По долго одложување, Унгарија ќе биде последната членка на НАТО што ќе ја одобри кандидатурата на нордиската земја за пристапување во алијансата.

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денеска изјави дека ја поздравува веста дека унгарскиот парламент планира следната недела да гласа за членството на оваа нордиска земја во НАТО.

„Секако дека го поздравуваме тоа“, рече тој на прес-конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ