недела, 22 декември 2024

Умре пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска, МЗ најави инспекција

Објавено на

часот

Сподели

Дека пациентот починал неколку денови откако беше транспортиран со возило на Здравствен дом Струга од Скопје за Струга, потврдил директорот на Здравствен дом Струга, доктор Андон Ложанковски. Пациентот бил во терминална фаза на канцер и претходно бил сместен на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје на Клинички центар „Мајка Тереза“ а се лекувал и на Клиниката за Онкологија.

Снимката од бензинската пумпа на автопат, на која се гледа болен човек во комбето на итната помош на кислородна маска, додека медицинската екипа пие кафе и се освежува е всушност последната снимка од пациентот. Оваа снимка му беше покажана на министерот за здравство Фатмир Меџити на прес-конференција. Пациентот почила неколку дена по транспортот кој што го виде и министерот и вети дека ќе го разгледаат случајот. 

Од МЗ велат дека не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки, информираат од МЗ. 

Оттаму посочуваат дека се извршени разговори со сите засегнати страни, вклучително и со ќерката на пациентот кој бил во возилото. 

„Се работи за пациент, кој во понеделникот испишан од болницата, требало да биде трансфериран во Општата болница Струга. Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило, кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејќи ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко ѝ бил свесен, контактибилен, во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот“, потенцираат од Министерството за здравство.

И покрај тоа што таа барала, како што се нагласува во соопштението, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин.

Министерот за здравство Фатмир Меџити вчера прашан за овој случај најави дека ќе ја провери информацијата и доколку е точна, ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.

                                                                                                                                     Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ