На настанот, како што е најавено, ќе има и изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.
Во музичкиот дел ќе настапат блуз и рок бендоците Ин д муд енд бенд и Кросроуд блуз бенд.
Како што информираат организаторите, идејата на оваа манифестација е да се популаризира мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот.
Главен акцент на оваа манифестација е спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика да и се претстави уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици.