петок, 18 октомври 2024

Улица во Старата скопска чаршија доби ново име „Укшин Хоти“

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа улица се наоѓа во едно од најубавите и најстарите места на нашето Скопје и во срцето на Чаир – Старата чаршија,“ изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој потсети дека името на Укшин Хоти ќе го повторат илјадници туристи кои секојдневно минуваат по оваа улица и доаѓаат од целиот свет.

„Укшин Хоти е само едно од 66-те нови имиња со кои неодамна беа преименувани улиците на општина Чаир, меѓу кои има многу истакнати личности кои ќе бидат траен белег и потсетување за сите нови генерации. Во оваа прилика сакам неизмерно да им се заблагодарам на сите соработници кои помогнаа историскиот Чаир да биде со нови имиња“, рече Ганиу.

На откривањето на плочата со новото име на улицата „Укшин Хоти” присуствуваа и сестрата на Укшин Хоти, Мирвете Хоти, вицепремиерот Артан Груби, пратеници, претставници на институции, академици и граѓани.

По свеченото промовирање на улицата, во соработка со општина Чаир, Државната агенција за архива на Косово и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, беше отворена изложбата „Направи или умри!” посветена на животот и делото на Укшин Хоти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ