Вчера во 12.30 часот во полициската станица Аеродром, З.Р.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 20.30 часот во полициската станица Гази Баба, Е.М.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ бил каснат од куче скитник. Во СВР Битола, А.Ј.(56) од Битола пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник, а во ОВР Прилеп, М.А.(39) од Битола пријавил дека во населба Тризла во Прилеп бил каснат од куче скитник.