„Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела уцена и тешка кражба, кривична пријава е поднесена против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него на трети овој месец, по упатени закани и уцени кон 33-годишна жена од Дебар, пријавениот го добил безбедносниот код од нејзиниот дом и откако влегол, одзел повеќе златни и други вредни предмети и пари во различни валути и апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 евра.