Русија, наводно, била погодена од бранови напади со беспилотни летала откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина во 2022 година, некои напади стигнаа дури и до Москва, пренесува Њузвик. Многу од овие напади беа насочени кон складишта за оружје. Украина ретко презема одговорност за напади на руска територија, но Кремљ го обвини Киев за „обид за терористички напади со помош на беспилотни летала“, пренесува Јутарњи лист.
⚡️БПЛА прилетело на металлургический комбинат «Северсталь» в Череповце в третий раз за год. Мощный взрыв на видео снаружи и внутри -на видео.
Посмотрите на карте, где находится Череповец.nevzorovtv pic.twitter.com/Fs8RXCoWfj
— Elis злая, потому что война (@Pani_belaruska) March 7, 2024
Независниот медиум Верстка споменува напад со беспилотни летала врз металуршка фабрика на компанијата за преработка на челик Северстал во градот Череповец, која се наоѓа во регионот на Вологда.
„Во регионот на Вологда, во фабриката Северстал, утринава се случи инцидент во областа каде што се наоѓа високата печка, која беше погодена од неидентификуван дрон. Најважно е дека нема жртви. Високата печка не е оштетена, фабриката за челик сè уште работи нормално“, изјави Георги Филимонов, регионален гувернер на Вологда. Филимонов го опиша нападот како „технолошки инцидент“, без да даде детали. Весникот Верстка објави дека нападот бил една од „најдалечните цели“ на украинската линија на фронтот од почетокот на војната.
„Нападот на фабриката во Череповец ја прошири руската потенцијално ранлива територија за напади на украинската армија за 45.000 квадратни километри“, пишува овој медиум. „Сега се простира на околу 1.045.000 квадратни километри. Содржи шест милионски градови, вклучувајќи ги и двата сојузни – Москва и Санкт Петербург“.
„Беспилотни летала летаа во североисточен правец кон Санкт Петербург и Јарослав, каде цели беа фабриката Невски Мазут и рафинеријата за нафта Славнефт-ЈАНОС“, пренесува Верстка.
Во средата, властите во три руски региони Белгород, Воронеж и Курск најавија напад со беспилотни летала во текот на ноќта. Украински борбени беспилотни летала погодиле фабрика за преработка на железна руда во регионот Курск, која се наоѓа во близина на границата и предизвикале пожар. Покрај тоа, огромна експлозија ја потресе фабриката за согорување на фосилни горива во градот Шагонар во јужен Сибир.
Украина ги засили нападите врз руските нафтени центри и рафинерии во последните неколку недели, принудувајќи ја Москва да одобри привремена забрана за извоз на бензин минатиот месец.