„Со закон се укажува дека се неприфатливи какви било територијални отстапки за завршување на конфликтот“, се наведува во соопштението на украинскиот парламент објавено на социјалната мрежа Телеграм.
Високиот функционер на НАТО Стиан Јенсен пред неколку дена кажа дека Украина ќе мора да се откаже од делот од својата територија кој сега е под руска контрола ако сака да се придружи на НАТО и да обезбеди мир.
Генералниот секретар на НАТО, пак, беше претпазлив во одговорите на прашањата што ќе мора да направи Киев за да прекине војната и на крајот кажа дека одлуката мора да ја донесе Украина.