четврток, 23 јануари 2025

Украински власти: Присилна евакуација во регионот Харков поради зголемените руски напади

Украинските власти наредија присилна евакуација на семејствата со деца од 16 места во североисточниот регион Харков поради засилени руски напади, соопшти денеска гувернерот на тој регион, кој граничи со Русија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Олег Синегубов на Телеграм објави дека во малото гратче Купјанск, каде што е железничката клучка, денеска е убиена жена од руско беспилотно летало.

Реката Оскил сега е линијата на фронтот што руските сили успеаја да ја пробијат на почетокот на јануари и да се префрлат на западниот брег.

Украинските сили се во неволја и во источниот регион на Доњецк, особено околу Покровск, клучен град за воена логистика и индустријата за јаглен.

Руската армија сега е на неколку километри од Покровск, ги држи источните и јужните страни на градот и напредува на запад во правец на соседниот регион Днепропетровск и главниот град на регионот Днепар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ