Како што наведува руското министерство, рускиот воен брод ги штити гасоводите Турски тек и Син тек, со кои се пренесува природен гас од Русија во Турција.
„Сите непријателски глисери се уништени со стандардното вооружување на рускиот брод, 140 километри североисточно од Босфор“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Русија објавено на Телеграм. Се истакнува дека нападот е оправдување за проширувањето на одбранбените мерки на Русија.
„Бродот „Иван Хурс“ на Црноморската флота продолжува да ги исполнува своите задачи“, се наведува во соопштението.
Footage of destruction of one of Ukrainian surface unmanned boats that tried to attack Ivan Khurs ship of Russian Navy in Black Sea. pic.twitter.com/u8QgE8EpTC
— ZOKA (@200_zoka) May 24, 2023