петок, 18 октомври 2024

Украински пилоти ќе се обучуваат во Данска и Романија

Објавено на

часот

Сподели

„Најважниот фокус е дека, кога ќе ги добијат авионите, пилотите да се добро обучени, да можат сами да ги одржуваат авионите и да ги користат паметно“, рече Блинкен.

Коалицијата од 11 земји ќе започне со обука на украински пилоти за летање на Ф-16 во август во Данска, а центарот за обука ќе биде во Романија.

Блинкен истакна дека Украина „повратила половина од територијата што Русија ја зазеде на почетокот на инвазијата“, но дека Киев се соочува со „многу тешки борби“ во обид да врати уште територии.

„Украина веќе врати околу 50 отсто од територијата што беше освоена на почетокот. Сè уште се рани денови на контраофанзивата. Тешко е“, изјави тој за Си-ен-ен. Блинкен додаде дека нема сè да се одигра во следната недела или две.

„Мислам дека зборуваме за следните неколку месеци“, изјави Блинкен, пренесе Ројтерс.

Претходно овој месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека контраофанзивата се одвива „со побавно темпо од посакуваното“.

Британската новинска агенција јавува дека Украина повратила некои села на југ и територијата околу уништениот град Бахмут на исток, но не направила поголем пробив против добро утврдените руски линии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ