среда, 12 март 2025

Украинска војска: Русите брутално ги засилија борбените активности кај Покровск

Руските сили нагло ги засилија борбените активности во источна Украина, главните напади беа концентрирани во близина на важниот логистички центар Покровск, соопшти украинската војска.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Руските трупи со недели напредуваат кон Покровск како дел од постојаниот притисок низ регионот Доњецк во источна Украина, заземајќи голем број села.

Војската соопшти дека имало 261 воен судир во изминатите 24 часа, во споредба со нешто повеќе од 100 еден ден претходно.

Речиси една третина од сите борби беа концентрирани во близина на Покровск. Руските сили ги напаѓаат украинските позиции јужно, западно и источно од Покровск во обид да го прекинат снабдувањето на украинската војска, соопшти војската.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ