сабота, 28 декември 2024

Украинците за првпат заробија севернокорејски војник (ФОТО)

Припадниците на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во борбите со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во Русија за да помогнат во борбата против украинските војници во рускиот регион Курк.

Потврдата од Јужна Кореја дојде откако на Телеграм беше објавена фотографија на која очигледно се гледа ранет и заробен севернокорејски војник. Северна Кореја испрати повеќе од 10.000 војници да ѝ помогнат на Русија, според Киев и Сеул, иако Москва и Пјонгјанг ниту го потврдија ниту го негираа нивното присуство.

„Ова е прво заробување“, изјави за Би-би-си Јанг Ук, научен соработник во Азискиот институт за политички студии. „Покорисно е за Украинците да ги фатат овие севернокорејски војници и да се обидат да ги разменат со Русите за украински воени заробеници“, додаде тој.

Неодамнешните фотографии од руско-украинската војна ги потврдија шпекулациите дека „руската команда ќе испрати севернокорејски сили на бојното поле во голем број“, рече Јанг. Покрај тоа, тој вели дека „ќе биде тешко да се докаже нивната севернокорејска националност“.

Украинските сили соопштија дека на севернокорејските војници им биле издадени лажни руски лични карти, а украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец тврдеше дека руски војници биле забележани како ги палат лицата на севернокорејците кои загинале во битка, наводно за да го сокријат нивниот идентитет.

Повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите во руската област Курск, изјави Зеленски во понеделникот. Тој додаде дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг го зголемува „ризикот од дестабилизација“ на Корејскиот полуостров.

Русија започна сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Неодамнешното распоредување на севернокорејски трупи во Русија е знак за растечкиот сојуз меѓу двете држави.

Овој развој на настаните, кој доаѓа додека Северна Кореја ги ескалира тензиите со Јужна Кореја, предизвика зголемена загриженост на Западот. Кина, долгогодишен сојузник на двете страни, исто така внимателно ја следи ситуацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ