среда, 12 март 2025

Украина спремна да прифати 30-дневно примирје, САД: „Топката сега е во рацете на Русија“

Украина вели дека е спремна да го прифати американскиот предлог за првичен 30-дневен прекин на огнот со Русија, во заедничко соопштение објавено по состанокот во Саудиска Арабија.

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон, исто така, веднаш ќе продолжи пак да споделува разузнавачки информации и да дава „безбедносна помош“ за Украина.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека „топката е на теренот на Русите“ и тој ќе ја однесе понудата до Москва.

Таа понуда е за целосен прекин на огнот – „да се запре пукањето“, рече Рубио.

„Денес луѓе ќе умрат во оваа војна, тие умираа вчера и – за жал – доколку не дојде до прекин на огнот, ќе умираат утре“, рече Рубио, постојано додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја прекине војната во Украина.

Рубио рече дека се надева оти Русите ќе се согласат со прекинот на огнот, но ако не го сторат тоа, „за жал, ќе знаеме кој е пречката за мир тука“.

Зеленски: На САД е да ја убедат Русија да се согласи на прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Доналд Трамп за „конструктивноста на разговорот на нашите тимови“ денеска во Џеда.

Во видео на интернет Зеленски повтори дека украинската позиција е да се прифати денешниот предлог на САД за прекин на огнот на небото, морето и на линијата на фронтот.

Тој рече дека тие ова „го сметаат за позитивно“ и сега „останува на САД“ да ја убедат Русија да се согласи.

Важен дел од денешниот разговор беше американскиот договор за продолжување на размената на разузнавачки информации со Украина, рече Зеленски.

„Украина е подготвена за мир“, рече тој и додаде: „Русија мора да покаже дали е спремна да ја прекине војната или да ја продолжи војната. Време е за целосната вистина. Им благодарам на сите што и помагаат на Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ