„Сите откриени воздушни цели беа уништени од нашата противвоздушна одбрана“, напиша денеска Сергеј Попко шефот на воената управа на Киев во објава на Телеграм.
Пожар избил во станбена зграда поради напад со дрон, но нема жртви.
Експлозиите го потресоа и градот Чернихив, североисточно од Киев.
Неколку експлозии биле пријавени во пристанишниот град Мариупол во Азовското Море, кој беше окупиран од Русија, пишува ТАСС.
Руските медиуми објавија дека експлозиите го погодиле аеродромот во градот.