среда, 12 март 2025

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Андриј Јермак изјави дека преговорите за техничките детали за прекинот на огнот ќе започнат следната недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се договоривме следната недела тимовите да почнат да разговараат за сите детали на техничко стручно ниво“, изјави Јермак.

За време на состанокот на украинската и американската делегација во Џеда се воделе разговори за различни опции за безбедносни гаранции.

„Денеска анализиравме неколку можности и во моментов има повеќе опции на маса. Денеска не би навлегувал во детали бидејќи консултациите сè уште траат… Но, тоа мора да бидат гаранции кои 100 отсто ќе спречат каква било агресија во иднина“, рече Јермак.

Тој додаде дека САД сега ќе разговараат со Русија за предлозите формулирани за време на средбата со украинската делегација.

„По оваа средба, руската страна го држи клучот. Целиот свет ќе види кој навистина сака мир, а кој само зборува за тоа“, заклучи Јермак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ