сабота, 22 февруари 2025

Украина може да го изгуби пристапот до Старлинк ако не постигне договор за минерали

Американските преговарачи извршија притисок врз официјален Киев да дозволи пристап на САД до критичните минерали во Украина под закана дека на Украина ќе ѝ биде забранет пристапот до сателитски интернет Старлинк, потврдија три извори запознаени со ситуацијата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот пристап до комуникацискиот систем Старлинк во сопственост на Илон Маск, кој обезбедува клучна интернет конекција за Украина и нејзината војска, беше предмет на неодамнешните разговори меѓу американските и украинските официјални лица, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на американскиот министер за финансии Скот Бесант во врска со експлоатација на минерални ресурси, пренесува Ројтерс.

„Ова прашање повторно беше покренато во четвртокот за време на состаноците меѓу Кит Келог, специјалниот пратеник на САД за Украина, и украинскиот претседател Зеленски“, изјави неименуван извор запознаен со разговорот.

За време на состанокот Келог-Зеленски, на Украина ѝ беше кажано дека ќе се соочи со итно затворање на услугата Старлинк ако не го прифати договорот за критичните минерални ресурси.

„Украина функционира благодарение на Старлинк, која Украинците ја сметаат за своја ѕвезда водилка. Губењето на Старлинк би било огромен удар за официјален Киев“, изјави извор на Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.

Зеленски ги отфрли барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да дозволи експлоатација на минерали во вредност од 500 милијарди долари како отплата за американската помош за време на војната, велејќи дека САД не ѝ понудиле на Украина конкретни безбедносни гаранции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ