четврток, 26 декември 2024

Украина го изврши првиот напад врз севернокорејски војници во областа Курск

Властите во Киев објавија дека првите севернокорејски трупи во областа Курск се нашле под украински оган.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првите севернокорејски војници кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да ѝ помогнат на руската војска влегоа во борба со украинските Вооружени сили, објави началникот на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко на Телеграм, пренесува Униан.

„Првите припадници на севернокорејската војска веќе се најдоа на удар во областа Курск“, рече Коваленко, без да наведе детали за нападот.

Униан потсетува дека американскиот Стејт департмент потврдил дека Северна Кореја испратила околу 10.000 припадници на воените сили во Русија. Како што се очекува, севернокорејските трупи би можеле да учествуваат во воените дејствија против Украина во наредните денови, наведува Униан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ