Уставот на Сирија е укинат, а актуелниот парламент е распуштен, објави портпаролот на командата на воените операции, која ја надгледуваше брзата офанзива со која на 8 декември беше урната владата на претседателот Башар ал Асад.
Како командант на таа офанзива, Ал Шара стана фактички лидер на земјата.
Ал Шара, чија милитантна група Хајат тахрир ал шам претходно беше гранка на Ал каеда, се обврза да почне политичка транзиција, вклучувајќи формирање влада, а потоа и спроведување избори за чие распишување може да се чека со години.
Новиот законодавен совет ќе ја има власта сè додека не се усвои нов устав, јавија државните медиуми.