сабота, 27 јули 2024

УХМР предупредува на невреме во Велес и велешко

Објавено на

часот

Сподели

Според известувањето на УХМР вечерва нешто пред 22 часот подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.

Претходно вечерва, Центарот за управување со кризи информираше дека јужно од Скопје се наоѓа позначителна нестабилна облачна маса која се очекува да го зафати југоисточниот дел од Скопската котлина и во ова подрачје да има појава на невреме со интензивен пороен дожд, чести грмежи, силен ветер и можна појава на град, предупредија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Правецот на движење на оваа нестабилна маса е кон исток и североисток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ