четврток, 24 октомври 2024

УЕФА: Одлуката на судот не значи одобрување на Суперлигата!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) излезе со соопштение по повод одлуката на судот во Луксембург, нивното толкување е различно од она на иницијаторите за формирање на Суперлигата.
 

Објавено на

часот

Сподели

За Флорентино Перез нема дилеми дека денешната одлука на судот дава амин за формирање на Суперлигата, но од УЕФА не сметаат така.

„УЕФА ја зема во предвид пресудата донесена од страна на судот во случајот со Суперлигата. Оваа пресуда не означува одобрување или потврдување на таканаречената „Суперлига“, туку попрво го нагласува постоечкиот недостаток во рамката за претходно овластување на УЕФА, технички аспект кој веќе е признаен и адресиран во јуни 2022. УЕФА останува одлучна во својата заложба да ја поддржува европската фудбалска пирамида, осигрувајќи дека таа продолжува да им служи на пошироките интереси во општеството. Ние ќе продолжиме да го обликуваме европскиот спортски модел колективно со националните асоцијации, лиги, клубови, навивачи, играчи, тренери, институции на ЕУ, влади и партнери. Веруваме дека европската фудбалска пирамида заснована на солидарност, која навивачите и сите засегнати страни ја прогласија за нивен незаменлив модел, со европски и национални закони ќе биде заштитена од заканата за отцепување“, стои во соопштението на УЕФА.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ