четврток, 13 март 2025

УЕФА објави видео и објасни зошто голот на Хулијан Алварез е поништен (ВИДЕО)

Европската куќа на фудбалот излезе со соопштение за контроверзниот момент на синоќешниот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во Лигата на шампиони и понуди докази зошто голот на Хулијан Алварез бил поништен.

Објавено на

часот

Сподели

УЕФА реши да стави крај на сите полемики, европската куќа на фудбалот излезе со соопштение откако Атлетико Мадрид побарал повеќе информации за поништениот гол на Хулијан Алварез.

„Атлетико Мадрид побара консултација околу инцидентот по кој беше поништен голот од пенал на Хулијан Алварез на синоќешниот натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампиони“ – гласеше известувањето.

„Иако контактот беше минимален, играчот направи контакт со топката со ногата на која се потпираше кога шутираше, и ова се гледа во понуденото видео. Во склоп на сегашните правила, ВАР мораше да го извести судијата дека голот треба да биде поништен“.

„УЕФА ќе отвори дискусија со ФИФА и ИФАБ за да се види дали треба да се промени правилото доколку двојниот допир на топката не е намерен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ