Ливерпул има пад кога се решава сезоната, по елиминацијата од Европа, недостижна станува и титулата во Премиерлигата.
Евертон сосема заслужено го доби денешниот меч. Карамелите поведоа со гол на Брентвајт во 27. минута, а конечните 2-0 ги постави Калверт Луин во 58. минута.
На четири кола до крајот Ливерпул има три бода помалку од Арсенал, но и многу полоша гол разлика, Манчестер Сити има еден бод помалку од црвените, но и два меча помалку.
Манчестер јунајтед двапати губеше на Олд Трафорд од Шефилд јунајтед, на крајот сепак успеа да победи со 4-2.
Херој беше капитенот Бруно Фернандеш кој даде два гола и имаше една асистенција, за Хојлунд. Првиот погодок за Јунајтед на овој меч го даде Мегваер.
Кристал Палас со два гола на Матета го победи Њукасл со 2-0. Борнмут со погодок на Семенјо славеше на гостувањето кај Вулвс.