Тој не наведе колку лица се повредени, а за агенцијата Интерфакс од полицијата рекле дека според првичните информации повредени се тројца ученици и еден наставник, а повреди сам себеси си нанел и напаѓачот, ученик во седмо одделение.
Текслер рече дека сѐ уште не е познато како ученикот го внел чеканот во училиштето и зошто обезбедувањето не реагирало.
Во тек е увид на местото на инцидентот.