Младите се револтирни од неказнивоста на „татини синови“. Тие побараа одговорност и соодветна казна за дивеењето на возачот Васил Јованов, кој и го одзема животот на Фросина. „Гајле ни е чив син е, и Фросина е нечија ќерка“, беше пораката на граѓаните кои беа со крвави раце. „Не бараме крв, сакаме да спречиме крв“, беа дел од пораките.
Дел од демонстрантите на плочникот пред Кривичниот суд оставија отпечатоци од раце намачкани со црвена боја.
Граѓаните бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди, како зголемено полициско присуство на улиците, да се вратат позорникарите и да се казнат виновниците за овој случај.