По гостинската победа против Летонија, македонските фудбалерки денеска запишаа убедлив пораз од Словенија во Скопје.
Словенечките фудбалерки беа големи фаворитки во дуелот со Македонија и на тренинг центарот „Петар Милошевски“ покажаа дека се поквалитетна репрезентација.
Македонија се држеше до 23. минута кога Корошец даде гол за водство на Словенија од 1-0. Шест минути подоцна Звер изведе корнер, нашата голманка Панчурова лошо реагираше и топката заврши во нејзината мрежа.
По десет минути игра во второто полувреме Словенија преку Лара Прашникар зголеми на 3-0, а во финишот од мечот, во 84. и 88. минута Кајзба и Колбл реализираа за 5-0.