„Албанците имаат историска и национална свест за јасна евроатланска ориентација и за градење сојузи засновани на вредности и верувања. Честопати имаме слични и заеднички предизвици. Политичкиот ангажман секогаш непоколебливо треба да е на услуга кон граѓаните. И на тој пат што е пред нас, мора да застанеме еден до друг, заради развој, демократизација, реформи, напредок и за благосостојба“, е коментарот на Курти за средбата со Еди Рама и Арбен Таравари.
Таравари кусо напиша: „Убави времиња. За Европа“!
Односите меѓу Рама и Курти поодамна се студени. Таравари е дел од владината коалиција во Македонија. Курти им имаше дадено поддршка на опозициската коалиција на македонските Албанци, Европски сојуз за промени. Дури и преку своето Самоопределување најаави учество на македонските избори. Вчера во Скопје Курти рече дека не се меша во внатрешните работи на Македонија и дека Самоопределување не е регистрирано во Македонија.
На Таравари му намигнуваат од опозицискиот блок. Тој е на два ума.
Таравари вчера за средбата рече дека му се заблагодарил на Рама за континуираната координација, а на Курти му кажал дека Алијанса за Албанците е непоколеблива „во одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово, што во континуитет е нарушувано од Република Србија“.
Рама лак, објави видео – поздрав до своите граѓани. Од својата земја.
П.Џ.