вторник, 24 декември 2024

Уапсени претседателот на Судот на БиХ и поранешниот директор на државната разузнавачка агенција

Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) го уапсила претседателот на Судот на БиХ Ранко Дебевец и Осман Мехмедагиќ, поранешниот директор на Разузнавачко-безбедносната агенција, потврди Ненад Нешиќ, министерот за безбедност на БиХ.

Објавено на

часот

Сподели

„По наредба на обвинителството на БиХ, полициски службеници на СИПА на 18 декември ги лишија од слобода Ранко Дебевец, претседателот на Судот на БиХ и Осман Мехмедагиќ, поранешниот директор на ОСА. Наведените лица се осомничени за кривични дела злоупотреба на позицијата, поврзани со други кривични дела“, соопшти обвинителството на БиХ.

Дебевец на 18 јануари 2023 беше повторно избран за претседател на Судот на БиХ како единствен кандидат за таа позиција на која е од 2016 година.

Осман Мехмедагиќ, поранешен директор на Разузнавачко-безбедносната агенција на Босна и Херцеговина, од 15 март 2023 е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави.

Во објаснувањето се наведува дека во својство на генерален директор на ОСА на БиХ, Осман „Осмица“ Мехмедагиќ ја злоупотребил државната телекомуникациска компанија во корист на Партијата за демократска акција (СДА), една од најголемите политички партии во БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ