Од слобода се лишени К.С. (28) и Д.Н. (42) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда по член 258 од Кривичниот законик. Тие неколку пати со закани и употреба на сила изнудувале пари од 34-годишно машко лице од Скопје. Денеска на оштетениот му го одзеле клучот од неговиот автомобил, по што веднаш се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.
Уапсени две лица за изнуда во Скопје
ТОП ВЕСТИ