„Денеска полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода М.З.(86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка Бајкал, ловечка пушка Црвена Застава, карабин Хемерлес, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол ЦЗ- 99, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин Црвена застава- расклопен на делови и карабин без ознаки“, се посочува во соопштението од полицијата.
Исто така, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес и во домот на Џ.З. од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка Бајкал и 20 патрони за пушката. И за овој случај бил известен јавен обвинител.