„На експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип вчера го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани“, информираат од МВР.
Оттаму појаснуваат дека при контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.