„Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска го лишија од слобода П.Ј. (32) од Скопје поради основи на сомнение дека денеска околу 9 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во скопско Волково. Кај П.Ј. се пронајдени пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава“, соопштија од МВР.
Уапсен разбојникот што во Волково со пластичен пиштол се обидел да ограби обложувачница
ТОП ВЕСТИ